Симеон Атанасов, кого кралицата на Ромската песна Есма Реџепова – Теодосиевска го одгледа и го внесе во светот на музиката, ја продолжува нејзината традиција.
Со неговиот ,,Есмас бенд’’ тој ќе настапи на популарен фестивал во Ријека, каде ќе биде направена ретроспектива на сите хитови на Есма. Покрај тоа, наскоро се очекува и издавањето на неговиот нов албум, со песни во препознатливиот стил на Реџепова.
-На овогодинешниот ,,Етно Порт Фестивал’’ во Ријека на осми септевмри ќе настапи и ,,Есмас бенд’’. Планирано е да се направи ретроспектива на сите хитови на нашата мајка Есма. Ќе настапиме и со дел од песните што ќе бидат и на ЦД-то кое што треба во октомври да го издаде реномираната Француска издавачка куќа АКОРД КРОИСЕС со која веќе потпишавме договор за издавање. Исто така, оваа издавачка куќа планира промотивни турнеји кои што ќе се одржат низ цела Европа. Нашата цел е да ја продолжиме традицијата и аманетот кој што ни го остави нашата мајка Есма – вели Атанасов.
Тој беше менаџер на популарната пејачка се до крајот на нејзиниот живот. Според тестамент, таа му ги остави сите авторски права од нејзината и музиката на Стево Теодосиевски.
Вики Клинчарова