Македонските спортисти ги ,,собраа’’ медалите во Хрватска: Дојдовме, се покажавме и победивме!

by Fokus

Со полни раце медали завршија нашите претставници на интернационалното натпреварување во дисциплината STREET WORKOUT во Пула,Хрватска.

Бошко Стаменковски, Александар Христовски и Атанас Дебников ја претставија земјава во одлично светло и задоволни од постигнатото се враќаат назад. Шампионот во пауерлифтинг, Стаменковски, го освои првото место во дисциплината PUSH UP CHALLENGE STREET WORKOUT, а исто така одлично се претстави и во PUSH UP CHALLENGE BATLE 1vs1 STREET WORKOUT.

Александар Христовски освои три медали во дисциплините: Pull up, прво место, Pull up со 32 килограми, второ место и dipss, трето место.

Третиот учесник, Атанас Дебников освои второ место во dipss.

-Дојдовме, покажавме што умееме и се враќаме назад со медали, со прекрасни впечатоци од настанот кој помина во професионална атмосфера, горди на постигнатото. Достоинствено ја претставивме земјата и доминиравме на сцената во Хрватска – ни изјавија спортистите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости