Повеќе од половина милион луѓе во австралиската држава Викторија останаа без струја како последица на невремето, бидејќи електраната беше принудена да се исклучи.
Електричната централа на AGL, која произведува околу една третина од електричната енергија на Викторија, беше принудена да се исклучи во попладневните часови откако се урнаа неколку електрични столбови.
Some of the damage to our network. Crews are continuing to assess and work as safely and as quickly to get power back on. There is major damage from storms, strong winds and lightning. pic.twitter.com/gOGv96yQE9
— Powercor Australia (@PowercorAust) February 13, 2024
Според порталот 9news.com.au, невремето опустоши големи делови од Викторија и Мелбурн а попладне имало град со големина на топче за голф, поројни поплави и силни ветрови кои собориле дрвја.
Update on extreme weather impacts on power grid.
The number of power outages caused by the physical collapse of transmission towers has increased to 500,000. 1/2
— Lily D'Ambrosio MP (@LilyDAmbrosioMP) February 13, 2024
„Повеќе од 500.000 домови или бизниси се без струја“, рече државниот министер за енергетика Лили Д’Амброзио на социјалните мрежи.