418
Еден ден по украинскиот напад на седиштето на руската Црноморска флота повторно одекнале експлозии на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.
„Според првичните информации, противвоздушната одбрана работела во Севастопол“, напиша рускиот шеф на црноморскиот полуостров Михаил Развошаев на Телеграм.
Остатоци од проектилите паднале во кварт северно од градот, каде што е главната база на Црноморската флота. На социјалните мрежи се објавени фотографии од облак чад.
Ова е слично на вчерашниот напад кога руската страна јави дека станува збор за остатоци од проектили, за на крајот да потврди дека украински проектил оштетил важна и симболична зграда на руската морнарица.