386
Силната зима може да доведе до социјални немири во Европа, каде руската инвазија на Украина веќе доведе до страшни економски последици, поради што постои страв од рецесија, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.
Георгиева рече дека Европската централна банка, поради актуелната ситуација, мора внимателно да ја балансира борбата против инфлацијата, имајќи ја предвид „неопходноста од зајакнување на економијата“.
„Во некои земји секако постои страв од рецесија, а и да не се случи, изгледа дека ќе се случи оваа зима“, рече Георгиева.
„Ако мајката пр ирода одлучи дека не сака да соработува, а зимата биде остра, може да дојде до социјални немири“, рече таа.