518
Експлозија се случи во трговскиот центар „Сурмалу“ во Ереван, главен град на Ерменија, соопшти ерменското Министерство за вонредни ситуации.
Според првичните информации на Министерството, најмалку едно лице загина, а над 20 се повредени.
Локалните медиуми пишуваат дека се стравува дека голем број луѓе се затрупани по силната експлозија и дека бројот на настрадани само ќе се зголемува.
Портпаролката на Министерството за вонредни ситуации соопшти дека кон местото се упатени шест тимови на пожарникари и спасувачки служби.
На социјалните мрежи се објавуваат снимки кои укажуваат дека експлозијата се случила во трговски центар, по што избил пожар.