Гужва на граничните премини кон Србија и Грција

by Фокус

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини попладнево е зголемен.

На граничните премини „Табановце“ и „Пелинце“ се чека околу еден час за влез и излез од државата.

На ГП „Богородица“, пак, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути.

Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости