Силна експлозија до Владата

by lali

Силна експлозија одекна до зградата на Владата од страната на споменикот на НОБ. Некаде околу 21 часот силната експлозија ги вознемирила граѓаните кои истрчале одма надвор. Во моментов околу владата врие од полиција, едни под полно оружје ја чуваат, други истражуваат, трети фотографираат.

vlada

На терен и излезена и Крим -техника. Практично целиот заден дел, од страната на кејот е затворен со полициски ленти. Од таа страна на Владата се наоѓаат и трансформатори за струја. Граѓаните кои биле очевидци на експлозијата пренесуваат дека по силниот удар многу полицајци од Владата истрчале надвор. Во моментов е затворен и делот кон гаражите.

Од МВР се уште нема информација за што станува збор- дали е извршен напад врз зградата на Владата или нешто друго ја предизвикало експлозијата. Но со оглед на мобилизираноста на полицијата и нивната бројност сликата на терен делува сериозно.

Фокус се обрати до полициските портпароли, но измина половина час како немаме одговор. За што точно се работи за сега е неизвесно, но сведоците пренесуваат дека од сите претходни напади врз владата, оваа експлозија била најсилна.

Поврзани новости