Брисел не може да ја исклучи Грција од еврозоната

by Фокус

Не постојат правни механизми со кои Грција би можела да биде исклучена од еврозоната, соопштија од прес-службата на Европската комисија.

-Правен механизам за исклучување на Грција од еврозоната не постои. ЕК раководи со активностите на повеќе аранжмани меѓу Атина и меѓународните кредитори на основа на новата програма за реформи за продолжување на меѓународната финансиска помош за земјата, пишува во соопштението од Европската комисија.

Брисел излезе со ваков став поради пишувањата на повеќе светски медиуми дека се планира исклучување на Грција од еврозоната, ако се објави дека не може да ги исплата финансиските обврски за одобрените кредити.

Поврзани новости