Силјановска: За жал од ОБСЕ досега не сме ја чуле формулацијата „фер и демократски ибори“

by Fokus

Уверението секогаш претходи на прогласувањето што ќе се случи утре во Собранието за изборот за претседател на државата. Формална круна или формално финале на изборите, рекла за МИА, идната претседателка Гордана Силјановска Давкова.

-Јас со должно внимание им се заблагодарив на членовите на Државната изборна комисија, им го кажав она што го чув и од набљудувачката мисија и на Парламентарното Собрание на ОБСЕ, дека се задоволни од нивната работа, дека имало инциденти, меѓутоа и во поглед на роковите и во поглед на постапувањето дека Државната изборна комисија ја спровела работата согласно законот, изјави Сиљановска Давкова.

Таа потенцираше дека досега не сме чуле формулацијата од ОБСЕ и ОДИХР да биде „фер и демократски“ и оти тоа е долгоочекуван израз.

– Ќе ја чуеме точната формулацијата од ОБСЕ и ОДИХР, ние за жал досега не сме чуле фер и демократски, а тоа е тој долгоочекуван израз, обично изборите биле добро спроведени и добро менаџирани и така натаму. Во поглед на претседателските избори нема предмети што се во постапка, има само за парламентарните, рече Силјановска Давкова.

ДИК треба да достави извештај за резултатите до Собранието за да биде закажана седница за инаугурација на новата претседателка која ќе се одржи утре напладне.

 

Поврзани новости