443
Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, смета дека доволно ги инспирирала граѓаните во првиот изборен круг за да излезат и во вториот изборен круг.
-Мислам дека во вториот изборен круг ќе бидат похрабри оние врз кои се вршеше притисок. Исто така, мислам дека во вториот изборен круг оние што имаа дилеми ги разрешија дилемите. Јас веќе настапив во „Јавна соба“, разговарав отворено и спремна сум со сите да се соочам. Оние кои мислеа дека не вреди да се излезе на овие избори, охрабрувачки е, ги гледате дебатите и не би сакала да ги коментирам. Јасен е резултатот, мислам дека сме на прав пат и дека на 5-ти мај ќе има основ да се слави – рече Силјановска – Давкова.