Пендаровски: ВМРО и Силјановска две години не го осудуваат упадот во парламентот

by Фокус

Претседателскиот кандидат на владејачката коалиција на СДСМ Стево Пендаровски им забележа на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателската кандидатка на опизициската партија Гордана Силјановска-Давкова дека не го осудиле упадот во Собранието од пред две години.

– Пред две години на овој ден имавме една од најгрдите епизоди воопшто во историјата на модерна Република Македонија. Тој ден беше организиран упад во највисокиот законодавен дом во кој тогашната партија на власт се обиде да го спречи мирниот трансфер на власта. Партијата што тогаш тоа го организираше, ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот кандидат за претседател Гордана Силјановска ниту тогаш, ниту во изминатите две години, по кој било повод не кажа ниту еден збор осуда за тој чин што ја посрамоти Македонија и ја нареди во кругот на земји каде такви случаи се практикуваат во недостиг на базичен мир и безбедност за граѓаните – рече Пендаровски.

Поврзани новости