412
Канидатката за претседателка, Гордана Силјановска Давкова во вечерашниот дуел на Канал 5 рече дека таа многупати се оградила од владеењето на Никола Груевски.
-Сум се оградила многупати, сум го критикувала. Претпоставувам затоа и не останав во Венецијанска комисија. Но, јас не сум човек коишто го викаат за да коментира, јас избегнувам да висам по телевизии. Сум ја прочитала книгата и сум била на протест на Кежаровски, рече Силјановска.