СДСМ: Силјановска да одговори како токму нејзиниот сопруг купил куќа од државата додека таа била министерка во Владата

by fokus

Откако се дозна дека додека Гордана Сиљановска била министерка нејзиниот сопруг од Владата добил профитабилен бизнис со фри шоп денеска во медиумите се појавија информации за нов случај на непотизам и судир на интереси на Силјановска, обвинуваат денеска од СДСМ.

-Според јавно објавените информации, сопругот на Силјановска во 1993 година купил куќа во центарот на Скопје која била во државна сопственост. Во тој период Силјановска се уште била министерка во владата, што укажува на основано сомнение дека се работи за непотизам и судир на интереси. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска мора да одговори пред граѓаните како и на кој начин токму нејзиниот сопруг купил куќа во државна сопственост на атрактивна локација во Скопје додека таа била министерка, велат од СДСМ.

Поврзани новости