488
Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова деновиве се обидува да ги придобие и гласовите на граѓаните од другите етникуми.
-Благодарам на поддршката од Демократска Бошњачка Партија и г-н Салко Куч. И Бошњаците како и сите граѓани се свесни дека само со владеење на правото можеме да ја европеизираме Македонија“- напиша Силјановска Давкова на фејсбук.
Таа се обиде да ги придобие Албанците со изјави дека има побратими меѓу нив, па дури и рече дека можела да се омажи со Албанец во минатото, со оглед на местото каде пораснала.