Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, вечерва зборуваше на митинг пред струмичани. Струмица, рече, прво ја асоцира на поранешниот претседател Борис Трајковски и на фудбалерот Горан Пандев.
-Од негативното асоцијација ми е Струмица и на родното место на политиката и на филозофијата наречена заевизам – рече таа.
Силјановска во својот говор се задржа на промената на името и праша зошто ако може Србија на Србите, Бугарија на Бугарите, Грција на Грците, да не можеме, како што рече, да кажеме Македонија на Македонците.
-Кога на бродот „Титаник“ се качиле некои Македонци и кога преживеале, во Америка ги напишале како Македонци, а сега ние треба да докажуваме. Замислете да треба да докажувате дека сте маж или жена, тоа се незамисливи потфати – додаде таа.