Силјановска од здравствени причини не се појави на митингот во Крушево

by fokus 10:27
10:27

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вчера не се појави на митингот во Крушево. Таа на Фејсбук се извини и објасни дека не можела да се појави поради здравствни причини.

-Почитувани, од здравствени причини не бев во можност да бидам присутна на митингот во Илинденско Крушево. Ќе дојдам во вториот круг, ви ветувам, напиша Силјановска.

- Advertisements -

Таа претходно беше дел од митингот во Прилеп каде им се обрати на присутните.

Поврзани новости