454
Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова во вечерашниот дуел со Стево Пендаровски рече дека таа никогаш не рекла дека целиот свој претседателски мандат ќе го потроши на ревизија на Договорот од Преспа.
-Ниту еднаш не сум рекла дека целиот свој мандат ќе го трошам на ревизија на Договорот од Преспа. Во мојата програма стои дека јас целиот мој мандат ќе работам на демократизација на македонскиот недемократски политички систем. Сигурно дека нема мандатот да го трошам на менување на Договорот, рече Силјановска.
Таа додаде дека Договорот е реалност и таа ќе го почитува.