Вечерва изборниот караван на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ одржа митинг во Струга.
-Што може да стори претседателот или претседателката за судот? Многу. Има таму еден орган кој што се нарекува Судски совет, ама повеќе е партиско или политичко тело одошто е независно судско тело кое треба да внимава за квалитетот на судиите кое треба да ги разрешува судиите кога нема да бидат квалитетни и кога нема да се водат според принципот на уставноста и законитоста.
И, замислете! Се сеќавате ли за кого беа врзани сите скандали во ова тело? За претседателката, за потпретседателот, првата беше член на партиската комисија за право на СДСМ, а вториот беше, исто така, член на ДУИ. Наместо театар на апсурдот, наместо граѓаните да имаат страв од таканаречениот Судски совет, кога двајцата претставници на претседателот, на претседателката би биле врв во правната професија, во правната етика, тогаш луѓето би го доживувале судот како бранител на нивните слободи и права – истакна Силјановска.
Таа порача дека нејзините претставници во Судскиот совет ќе бидат врвни правници и, како што рече, персонификација на правото и правдата, а не на партиската послушност.