Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, се надева и на поддршка од приврзаниците на нејзиниот ривал кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски. Силјановска вели дека кога ќе помине покрај штабот на Пендаровски ги отпоздравува неговите симпатизери.
„Секој човек ни е битен, секој глас ни е битен. Сите знаат дека со почитување на законите без исклучок, со укинување на корупцијата, непотизмот, неспособните функционери Македонија ќе оди напред.
Зборувајте со вашите пријатели, колеги и роднини, без разлика од која партија се, од која националност.
Јас и кога поминувам покрај штабот на колегата им одпоздравувам зошто знам дека длабоко во нивното срце и тие млади таму веруваат дека само со право ќе има правда за Македонија“, напиша Силјановска на својот фејсбук профил.