484
Кандидатката за претседателка Гордана Силјановска во вечерашната дебата на ТВ 21 не сакаше да каже дали ќе ги потпише или не законите кои Иванов не ги потпиша. Рече дека ги има прочитано законите, но кога ќе се најде на функцијата, сака тогаш да ги преиспита.
-Немам намера да го бранам Иванов. Но, не можам да не укажам за следново: одговорен Парламент кога претседател кога ќе стави вето, оди забелешка по забелешка и дава одговори, а не гласа веднаш. Јас ќе ги преиспитам законите, и ако се уставни ќе ги потпишам. Кога ќе се најдам на функција сакам тогаш да видам дали ќе имам забелешки. Кога ќе дојдам на функција, тогаш ќе ви кажам. Јас сум легалист, рече Силјановска.