425
Кандидатот за претседател на Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова на својот фејсбук профил упати порака до францускиот амбасадор во нашата земја, Кристијан Тимоние изразувајќи жалење за пожарот кој ја зафати црквата Нотр Дам.
„Изразувам најдлабоко сочуство со францускиот народ во оваа трагична ноќ. Богородичната црква е светол пример на брилијантноста на човековата умешност и способност. Се надевам дека што поскоро повторно ќе ја здогледаме во сиот нејзин сјај. Амбасадоре, Christian Thimonier Македонија стои покрај вас!“, напиша Силјановска на својот фејсбук профил.