Силјановска и Река во заедничко интервју, Пендаровски непоканет

by fokus

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска и Блерим Река се најдоа во заедничко интервју каде одговараат на прашања за личните интереси и афинитети. Помеѓу месо и салата и двајцата бираат салата, Силјановска го избира Ганди, додека Река го избира Черчил, и двајцата се повеќе за книга отколку за филм.

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ!Дојдовме до идеја, да го бараме "човекот" во нашите претседателски кандидати, а не политичарот во нив. За таа цел испративме покана за интервју до изборните штабови на кандидатите. Тие кои прифатија можете да ги видите во ова ексклузивно видео, а за третиот се надеваме на креативна средба кога ќе ни ја отвори вратата на која тропавме.#ДругатаСтранаНаПолитиката

Publiée par Другата страна на политиката sur Mercredi 17 avril 2019

Интервјуто со кратките прашања го објави фејсбук заедницата „Другата страна на политиката“. Од таму велат дека Пендаровски отсуствува од интервјуто затоа што не одговорил на поканата.

„Дојдовме до идеја, да го бараме “човекот” во нашите претседателски кандидати, а не политичарот во нив. За таа цел испративме покана за интервју до изборните штабови на кандидатите. Тие кои прифатија можете да ги видите во ова ексклузивно видео, а за третиот се надеваме на креативна средба кога ќе ни ја отвори вратата на која тропавме“, велат од таму.

Но од изборниот штаб на Стево Пендаровски велат дека никој не тропнал на нивната врата. Од таму за „Фокус“ изјавија дека се изненадени од тврдењето бидејќи нема такво барање за интервју.

М.В.

Поврзани новости