Кандидатот за градоначалник на Охрид, Трендафилов: Двете големи партии се мајтапат со граѓаните, а немам многу време со моите 64 години!

by fokus

Кандидатот за градоначалник на Охрид од партијата Граѓанско демократската унија, Михаил Трендафилов Нанче е роден во Охрид во 1955 година.

Во 1980 дипломира на Градежниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје. Седум години работи во Црна Гора на ревитализација на Бока Которска, по катастрофалниот земјотрес од 1979 година.

Од 1989 почнува приватен бизнис за во 1993 да ја основа „Леснина инжинеринг“, како трговска инжинеринг компанија. Формира фабрика за лепени плочи и фабрика за монтажни енергетски куќи.

Светската финансиска криза во 2008 година сериозно ја погодува и „Леснина инжинеринг“ и во 2012 година престанува со работа.

„Зарем малку има провокации да се кандидирам за градоначалник. Па не може човек да ги доброи. После 28 години да стојам и да гледам како двете големи партии се мајтапат со граѓаните во кои сега се колнат, па немам многу време со моите 64 години на располагање. Активностите во здружението „Совест“, посебно поврзани со Али-пашината џамија и гледајќи ја немоќта на СДСМ и ДПМНЕ во 28 години да направат барем нешто за развојот на Охрид (освен меѓусебните обвинувања и препукувања), беше пресудниот момент за да се одлучам да се кандидирам за градоначалник за Охрид“, вели Нанче.

Поврзани новости