Слоганот на мојата кампања, впрочем целата програма е во функција во слоганот. Слоганот е заради хроничната и актутната состојба со македонската демократија којашто не само што е во тешка криза, туку зборува за една слаба држава или држава во пропаѓање. Во таквата држава најголеми жртви се граѓаните и кога велам јас „Македонија повторно горда“, изјави Гордана Силјановска-Давкова, претседателски кандидар поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
-Граѓаните имаат причина зошто да бидат горди. Се разбира, јас сум горда на предците, горда сум на оние што стојат зад трите Илиндени, горда сум на хероите. Меѓутоа мислам дека токму вредностите на кои се темелат трите Илиндени денеска не само што се погазени, туку и на оваа нација и на оваа држава и се заканува културоцид со одобрени, за жал, на оние во власта – рече Силјановски.
Таа посочи дека неслучајно е одбран овој слоган.
-Мислам дека сфативме дека одност на овој свет на реализам, односно односот кон малите држави навистина треба да се проблематизира. Но, дека неслучајно големите и оние однадвор се однесуваат кон нас понекогаш како да не заслужуваме гордост. Зошто? Зашто погрешната слика за нас ја даваат оние кои треба да бидат најгорди, претседателот на државата, премиерот, претседателот на Собранието. Нивната слика е сликата за државата – истакна Силјановски.