100
Зијадин Села од Алијанса за Албанците ќе биде носител на пратеничката листа во петтата изборна единица како дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ.
Ова, како што пренесува МИА, денеска го соопштил лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по потпишувањето на коалицискиот договор со Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија.
Информацијата дека Села ќе биде носител на пратеничката листа на коалицијата „Европски фронт“ во изборната единица 5, неофицијално за „360 степени“ ја потврдиле и од Алијанса за Албанците.