Силјановска ги повикува и симпатизерите на СДСМ да гласаат на 5 Мај

by fokus

Од денеска продолжува изборната кампања на двајцата кандидати кои ќе продолжат да се борат за гласови во вториот круг од претседателските избори. По објавување на официјалните резултати од ДИК, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 5 Мај. Таа им се обрати и на симпатизерите на СДСМ.

„Драги мои, не се плашете, туку славете. ВМРО, СДСМ, шарени, бојкотирачи, неопределени, Албанци, Турци, Срби, Роми…сите што сте за владеење на правото и демократска Македонија. Излезете и гласајте на 5 Мај! И со пречките го изодевме патот. Нема да запреме. Нивната Северна е можна само во авторитарна форма, со закани и притисоци. А нашата Македонија е демократска, со граѓани кои не се плашат да преземат одговорност за иднината. Тоа и ќе го сториме на 5 мај!“, напиша Силјановска.

 

Поврзани новости