Кекеновски до Мицкоски: Ова е најлош резултат на ВМРО-ДПМНЕ, собери си ги парталите и надвор од партијата

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски, наметнуваат изнасилена еуфорија по првиот круг од претседателските избори, смета професорот Јове Кекеновски. Тој му порача на Мицкоски да се повлече од партијата како резулатат на изборниот пораз во првиот круг.

„Мицковски и компанија Ве гледам глумите лудило и изнасилено наметнувате победничка еуфорија. Свесни сте дека немате освоено поголем број гласови од политичкиот противник, а се прогласувате за победници.
Заев сигурно дека е губитник, ама Вие не сте победници. Победници се граѓаните кои не ви веруваат ниту на едните, ниту на другите. А Вие бесрамно на штета на партијата продолжувате и понатаму да одработувате за политичкиот противник и за еврокомесарите во заминување.
Јасна е Вашата цел. Најважен ви е спас на Вашите политички кариери и партиски функции, отколку граѓаните на Република Македонија или пак Гога – Јога за претседател.
Немојте и понатаму да ја ставате партијата и граѓаните во заложништво само заради вашите лични интереси. Собирајте парталите и за доброто на Македонија заминувајте од партијата. Таа и припаѓа на поспособните, почесните, искрените патриоти и оние кои не калкулираат на дневна основа и не мамат перманентно
Со изнасилено глумење еуфорија и учество во вториот круг свесно ја зацврстувате позиција на Заев и Пендаровски.
П.С. Свесни ли сте дека имате освоено помалку гласови од последните избори при толку лоша власт. Ова е најлош резултат на партијата?“, напиша Кекеновски по објавените официјални резултати каде кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, води со неколку илјади гласови повеќе од Силјановска.

Поврзани новости