Силјановска: ЕУ треба да има разбирање за нашата различност, а не да нѐ турка во сличност со Бугарија

by fokus

Секој договор може да има анекс адендум или толкување на договорот во смисла дека разговараат историчарите под капата на политичарите од македонска и од бугарска страна, но тоа е заради градење доверба, заради незаборавање на преамбулата што стои во Договорот за пријателство и добрососедство.
Потребно ќе биде решение од новите власти и во Македонија и во Бугарија, а со помош на новите власти во Европската Унија по изборите и со потрага по некое соломонско решение кое може да биде и со интерпретација.

Ова е одговорот на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова, прашана во емисијата „360 степени“ на МРТ 1 – како да се стигне до отворање на првиот кластер од пристапните преговори со Европската Унија, кои се заглавени поради одбивањето на опозициската партија да поддржи внесување на Бугарите во Уставот, како што велат, „под бугарски диктат“.

„Значи, јас не сум за фаталистички однос кон ЕУ. ЕУ не е догма. ЕУ за да биде заедница треба да се темели на принципи, да биде инспиративна. Покрај ова што го кажав, има и други членови. Има член 8 од Договорот за ЕУ. Тоа за мене не е правен илузионизам, како што некој тврди, бидејќи зборуваме за почитување и реализација. Членот 8 вели – ЕУ ќе ги поттикнува договорите. Да, поттикна 2017 г., ама врз основа на реципроцитетот итн. Ама напред вели – нема да се меша во уставните и политичките структури, дека ќе ги признава културниот и историскиот идентитет зашто ЕУ е единство на различности и треба да има разлика, да има смисла и разбирање и за нашата различност, а не да нѐ турка во сличност со Бугарија“,вели Силјановска-Давкова.

Поврзани новости