Силјановска до Џафери: Ако можат да се прават мекици без мајката, тогаш може и без дедото, тоа не е причина за одлагање на седница

by Fokus

Пратеничката Гордана Силјановска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го искритикува Талат Џафери затоа што во последен момент ја закажал седницата, а не неколку дена претходно како што било ред.

„Собранието се конституира со избор на претседател на Собранието. Ние се информиравме од медиумите. Мислам дека и претседавачот треба да води сметка за Деловникот и не е ексклузивен во диктирање на условите. Не може да ги откажува и закажува кога сака. Честитки за внукот, но тоа не е причина за откажување на седницата. Ако можат мајките да не присуствуваат на мекиците, тогаш може и без дедото – истакна Силјановска.

Талат Џафери пак истакна дека официјално не закажал продолжување на конститутивната седница.

Поврзани новости