461
Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова, ја побара поддршката од граѓаните што застапуваа бојкот на првиот круг од претседалските избори.
-Дома можев да останам и јас, но одлучив да се борам. Никогаш нема да ве изневерам, го имате мојот збор! На 5ти мај заедно да се избориме за правото и правдата и да ја промениме Македонија на подобро – им порача таа.