Мицкоски: Села постапи демократски, „метла“ ќе има кога Заев ќе падне од власт

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува да биде постигнат цензус на вториот круг од претседателските избори на 5 мај и следен претседател да биде Гордана Силјановска. Коментирајќи ја изјавата на Зијадин Села дека гласачите на Блерим Река самостојно треба да одлучат како ќе постапат во вториот изборен круг, Мицкоски смета дека тоа е во насока на подобрување на демократијата.

-Она што е есенција во демократијата, а тоа е граѓаните кои се неприкосновен суверен на своето право да гласаат, дали ќе гласаат или нема да гласаат. Ако гласаат да одлучат како ќе постапат на 5 мај, во вториот круг. Апсолутно, не би се согласил дека тоа е во насока на апстинирање. Напротив, тоа е во насока на подобрување и зајакнување на демократските капацитети во државата – вели Мицкоски.

Во однос на најавата од премиерот Зоран Заев дека после претседателските избори ќе има прочистување на владините редови, тој порача дека тоа ќе се случи после предвремени парламентарни избори, кога, како што вели, актуелната влас ќе замине во опозиција.

-Но, ние со првиот ктуг покажавме и докажавме дека ВМРО-ДПМНЕ е консолидирана, дека е цврсто на нозе. Победи во 47 општини во Република Македонија, освои 42,5 проценти од гласовите на оние кои одлучија да излезат во првиот круг – посочи лидерот на ДПМНЕ.

Поврзани новости