Разликата меѓу Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски се зголемува.
Во февруари годинава таа изнесувала 8,7%, а во март – 10,2% во корист на кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.
Во синоќешната емисија Објектив на МРТ беа презентирани резултатите од анкетата спроведена од ИПИС во март, собрани на ниво на целата држава.
На прашање „За кого ќе гласате на претстојните претседателски избори?“ 24,6% од анкетираните кажале дека ќе гласаат за професорката Гордана Силјаноска Давкова, а 14,4% се изјасниле за актуелниот претседател Стево Пендаровски.
По нив следат Бујар Османи со 7% поддршка, Таравари со 5,7%, Билјана Ванковска со 3,5% итн.
Во февруари за Силјановска Давкова се изјасниле 20,2%, а Пендаровски во февруари имал 11,5% поддршка.