528
Поранешниот кандадат за претседател, Гордана Силјановска-Давкова, смета дека на власта не и личи да го критикува Уставниот суд.
„Ние, експертите кои се занимаваме со Уставно право, ни личи да го критикуваме Уставниот суд, но на власт воопшто не и личи. Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни. Мислам дека крајно време е Уставниот суд да ги отвори портите за стручната јавност за да може сите аргументи да се сослушаат“, истакна Давкова.