Се одложи рочиштето за „Маџар телеком“

by fokus

Кривичниот суд денеска го одложи рочиштето за случајот Маџар телеком“ за 29 јануари, за кога треба да биде обезбеден сведокот Слободан Богоевски.

Случајот „Маџар телеком” се води против поранешните генерален и финансиски директор на „Македонски телеком“, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми.

Предметот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска. Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од обвинителството. Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Во Кривичниот суд денеска продолжуваат и судењата за случаите „Титаник“ и „Титаник 3“.

Поврзани новости