Силјановска-Давкова: Дејствата кои ги презеде СЈО треба да се довршат!

by fokus

Гордана Силјановска-Давкова, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за МИА, меѓу другото, зборува и за иднината на СЈО. Таа смета дека СЈО треба да продолжи да работи но во рамките на редовното обвинителство, за да се знаело кој ќе биде шеф.

-Моите француски колеги велат дека сè што е специјално треба да биде од времен карактер, бидејќи специјалните институции зборуваат за специјален амбиент. Имавме таков амбиент, но јас сум правник, Уставот вели дека Јавното обвинителство е единствена организација, СЈО се создаде од политички причини, тоа е факт и сега треба некако да се лоцира во рамки на јавнообвинителскиот систем. Да, Јавното обвинителство може да има специфична надлежност, иако ние имаме одделение за организиран криминал во рамки на ЈО, но мора биде дел од системот. Јас дури имам проблем за посебен закон, но тој беше донесен, се разбира дејства некои беа преземени, треба да се довршат.

Кај мене се создава страв од паралелизам да не имаме двајца јавни обвинители, еден на државата и еден специјален, ама со статус, надлежности и финансиска поддршка, која е поголема од онаа на оној првиот. Се плашам да не дојде до разногласија внатре, оти кога правото е во прашање најважно е во таа пирамида да се знае постапката, да се знаат надлежностите, да се знае кој кому одговара, затоа што ако имате поделена надлежност, но нема одговорност, може да биде загрозено правото. Се надевам дека ќе се договорат, вели Силјановска-Давкова во интервју за МИА.

Поврзани новости