Пред македонската граница за влез чекаат 1.500 мигранти

by fokus

На границата со Македонија вчера имало помеѓу 1.200 и 1.500 мигранти. Мигрантите тргнале откако на социјалните мрежи се рашириле лажни вести за наводно отворање на балканската маршута до Европа. Овој повик ги мобилизирал мигрантите да се упатат кон Солун.

– Станува збор за група од околу 1.200 до 1.500 мигранти. Засега грчките колеги ја контролираат таа бројка, но, секако, имаме обврска да бидеме подготвени да ја штитиме границата и евентуалната можност за влез во Македонија – изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Денеска и министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека будно се следи состојбата на границата.

Поврзани новости