Силјановска: Ако сте опозиција може да ве стигне правдата, ако сте власт не

by fokus

Професорката Гордана Силјановска во вечерашното гостување на телевизија Телма коментирајќи ги последните пресуди за сегашниот премиер Зоран Заев и за поранешниот, Никола Груевски, рече дека традицијата е дека ако сте опозиција може да ве стигне правдата, а ако сте власт не.

-Која е тенденцијата сиве овие години. Не само кога се прашање премиери, туку и други политичари, казните стигнувале не кога се на власт, туку во опзиција. Во Европа и додека се на власт, се повлекуваат за да му овозможат на судот да биде неазвисен. Ние слушавме од сешаниот но и од поранешниот премиер, каков ќе биде исходот, обајцата водејќи се по онаа традијата: ако сте опозиција може да ве стигне правото  и правдата, ако не сте, не може, рече Силјановска.

Поврзани новости