Силен земјотрес во југозападна Турција, има затрупани луѓе (видео)

by Fokus

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени по Рихтеровата скала беше регистриран денеска во југозападниот турски округ Денизли. Според локални медиуми, од земјотресот урнати се  објекти во кои имало луѓе.

Спасувачки тимови презеле операции при што успеале да извадат од урнатините неколку лица кои се хоспитализирани, јави НТВ.

Епицентарот на земјотресот што се случи во попладнево бил во реонот на градот Бозкурт. Потресот бил на длаобочина од седум километри. Засега нема информации за загинати луѓе. Земјотрес беше регистран денеска во округот Измир со интензитет од 4,8 по Рихтер.

Поврзани новости