Црногорец осомничен дека ја продал ќерка си за 5.000 евра

by Fokus

Подгоричанецот Џ.Б. е осомничен дека ја продал својата ќерка во странство за 5.000 евра, пренесе порталот ЦДМ.
Црногорската полиција поднесе до надлежниот обвинител кривична пријава против Џ.Б. (40) од Подгорица поради сомнеж дека извршил кривично дело трговија со луѓе.

Тој е осомничен дека во текот на 2017 година договорил и организирал превоз од Црна Гора за својата малолетна ќерка на возраст од 12 години во една земја, со цел склопување недозволен брак. Осомничениот наведеното кривично дело го извршил поради стекнување парична корист во износ од 5.000 евра, соопшти Управата на полицијата.

Осомничениот се наоѓа на извршување на затворска казна за друго кривично дело.

Поврзани новости