431
Силен земјотрес го погоди Иран. Досега е јавено за три загинати лица и 300 повредени.
Земјотресот бил со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала и го погодил северозападниот дел на Иран во близина на границата со Турција.
Земјотресот бил на мала длабочина од седум километри, со епицентар во близина на градот Хоџа.