150 жени годишно заболуваат од рак на матката

by fokus

Ракот на грлото на матката е четврт најчест канцер кај жените, со над 600 илјади нови случаи во светски рамки. Во нашата држава, во просек секоја година 150 жени заболуваат, а 20 жени ја губат битката со оваа болест. Само со сеопфатен пристап на превенција, прегледи и лекување може да стави крај на карцином на грлото на матката како јавно здравствен проблем во само неколку генерации.

Како што објаснува за МИА специјалната претставничка на СЗО за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје, д-р Ане Јохансен, примарната причина за карцином на грлото на матката е хуманиот папилома вирус (ХПВ). Тоа е, како што вели, многу заразна инфекција која се пренесува преку сексуален контакт или контакт кожа на кожа.

-ХПВ е исклучително чест вирус – 80 отсто од сексуално активните жени и мажи го добиваат во одреден момент од животот. Постојаната инфекција со високоризичен тип на ХПВ може да доведе до абнормални промени во клетките на грлото на матката. Овие промени се нарекуваат преканцерозни израстоци (или лезии). Ако не заздрават или не се отстранат, може да се развијат во карцином. Обично потребни се години за овие израстоци да се развијат во карцином на грлото на матката, вели д-р Јохансен.

Поврзани новости