422
Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтерова скала изутрината ја погоди Малта, соопшти Универзитетот во Малта.
Земјотресот ги разбуди жителите во неколку градови, објави порталот „Тајмс оф Малта“.
Земјотресот е почувствуван и во Сицилија и Либија.
Неколку часа подоцна е регистриран уште еден потрес во близина на либискиот брег, со силина од 4,7 степени.
Од почетокот на годината Малта е погодена од десетици земјотреси, но научниците велат дека повремените бранови на зголемена сеизмичка активност се нормална појава.