466
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според европската макросезмичка скала, кој попладнево во 17.38 часот ја погоди Албанија, беше почувствуван и во Македонија.
Земјотресот кој попладнево е регистиран во реонот на централниот албански град Бурел, бил на 10 километри под површината на земјата, со епицентер на 38 километри североисточно од Тирана.
Потресот со послаб интензитет е почувствуван и во делови на Македонија, Косово, Србија и Црна Гора.