Силен земјотрес утрово во Скопје

by Fokus

Рано утрово, околу 4 часот во главниот град Скопје и делови од Македонија, беше почувствуван силен земјотрес кој ги вознемири граѓаните и траеше околу 20 секунди.

Според информациите, земјотресот се случил во Драч, Албанија, со магнитуда од 6.3 степени според Рихтер, 164км западно од Скопје, близу местото Рушкул.

Во текот на претходниот час, регистрирани се и два други посилни земјотреса со 4,8 и 3,1 степени. Илјадници жители се излезени на улиците во Тирана и останатите градови блиски до епицентарот, јавуваат мештаните.

Земјотресот, според извештаите е почувствуван дури до Нови Сад, Србија, Анкона и Наполи во Италија, Ламиа во Грција, Софија во Бугарија, Сплит во Хрватска и Бања Лука во Босна и Херцеговина.

 

Поврзани новости