793
Утринава силен земјотрес ја погоди Франција, а земјотресниот бран се ширел од Нимс до Монпелје преку Бањол-сур-Сез, пренесува „Спутник“.
Биле регистрирани два земјотреса со јачина од 5,1 и 5,7 степени. Според француските медиуми, епицентарот на првиот земјотрес бил на 10 километри од Монтелимар, во Дроме, а на вториот 25 километри од Обенас, во Ардеш.
Нема информации за материјална штета или повредени лица.