469
Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди турскиот град Коња, а епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 10 метри.
Канцеларијата на гувернерот во Коња соопшти дека нема извештаи за материјална штета, пренесува Ројтерс.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа изјави дека итните служби не интервенирале за време на земјотресот.