Пендаровски за „Фокус“: Четвртиот Илинден треба да биде процес, а не само еден настан!

Градењето на независно правосудство, на транспарентни институции, на култура на казнување при кршење на законите не се прави со одлука, вели претседателот на државата во интервју за „Фокус“, одговарајќи на прашањето дали после 1903, 1944 и 1991 ни треба четврт Илинден - полноправно членство во ЕУ со затворени прашања?

by Фокус

Четвртиот Илинден треба да биде континуиран процес, а не само еден настан – градењето независно правосудство, транспарентни институции, култура на казнување при кршење на законите не се прави со одлука, вели претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за најновото издание на неделникот „Фокус“, кој излегува како двоброј по повод 2 Август-Илинден.

Четвртиот Илинден според мене, треба да биде континуиран процес, а, не само еден настан. Градењето на независно правосудство, на транспарентни институции, на култура на казнување при кршење на законите не се прави со одлука. Јас верувам дека Македонија сигурно со децении и децении, ќе опстои во овие граници и ќе биде просперитетна членка на ЕУ – вели Пендаровски.

Во однос на оптимистичките проценки дека Македонија може да стане полноправна членка на ЕУ до 2030 година, Пендаровски вели: „Не можам да проценам кога, но се плашам дека ако не бидеме дел од европските интеграции, нема да може да се развиваме на доволно брз начин, а тоа е круцијално за да ги задржиме младите во земјата“.

-Ако и даваат кандидатски статус на Молдавија, која има над илјада руски војници на своја територија 30 години наназад, и ако и даваат на Украина која не контролира 20 отсто од својата територија, ќе биде срамота ако Западен Балкан го остават на маргините на европската агенда – смета шефот на државата.

Разговараше:
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости