263
Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот регион на Италија, Марке.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на околу три километри јужно од Монтелпар во провинцијата Фермо, а се случил на длабочина од околу 21 километар, пренесува агенцијата Анса.
Земјотресот бил почувствуван во Ферма, како и во Анкона, Асколи и Пичен, долж италијанскиот јадрански брег.
„Искрено се чувствував како да ми се тресе бирото“, „Одеднаш се затресе, имаше силен удар како експлозија“, се само дел од коментарите на апликацијата за известување за земјотресот Lest Quake.