Закопани 200 тела во масовна гробница во близина на болницата во Газа

by Fokus

Во масовна гробница во близина на најголемата болница Ал Шифа во Појасот Газа закопани се 200 тела, изјави денеска д-р Аднан Ел Бурш. Тој изјави дека на медицинскиот персонал му биле потребни шест часа да закопаат 200 луѓе.

„Почнавме околу 8:30 наутро и завршивме околу 15:00 часот по локално време“, рече Ел Бурш, пренесе Би-би-си.

Според него, телата седеле таму со денови додека не почнале да се распаѓаат, а на лекарите им останало само да ископаат масовна гробница.

„Не можевме да ги отвориме прозорците на зградите поради непријатната миризба што доаѓаше од дворот“, изјавил палестинскиот лекар.

Претходно од Ал Шифа беше кажано дека се закопани 179 луѓе во масовна гробница во близина на зградата на болницата.

Поврзани новости